Псалми 46:8-11
Псалми 46:8-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Дојдете и видете ги делата Божји – пустошењата што ги направи Тој на Земјата. Прекратувајќи ги војните до крајот на Земјата, ќе го скрши лакот и ќе го здроби копјето, и штитовите големи со оган ќе ги изгори. Застанете и разберете дека Јас сум Бог, возвишен над народите, возвишен над Земјата. Господ Саваот е со нас, Јакововиот Бог е наше прибежиште.
Сподели
Прочитај Псалми 46Псалми 46:8-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Дојдете, видете ги Господовите дела, какви чуда Тој направи на земјата: Ги прекрати војните до крајот на земјата, ги крши лаковите и ги ломи копјата, ги изгорува колите со оган. Молкнете и знајте дека Јас Сум Бог, возвишен над народите, возвишен над целата земја. Господ на Воинствата е со нас, Јакововиот Бог е наша тврдина!
Сподели
Прочитај Псалми 46