Псалми 40:10-13
Псалми 40:10-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Твојата правда не ја сокрив во срцето мое, ја објавив верноста Твоја и спасението Твое; и не ги затаив Твојата милост и Твојата верност од собранието. Но, Господи, не отстранувај го милосрдието Твое од мене; Твојата милост и Твојата верност нека ме пазат постојано, зашто зла безбројни ме опкружија; ме притиснаа беззаконијата мои, и не можев дури ни да гледам, – тие се повеќе од влакната на главата моја; а и срцето мое ме остави. Благоволи, Господи, да ме избавиш; Господи, побрзај ми на помош!
Псалми 40:10-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Нема да ја кријам Твојата правда во срцето, ќе раскажувам за Твојата верност и за Твоето спасение. Нема да ги тајам ни Твојата добрина, ни Твојата вистина во големото собрание. А Ти, о Господи, не ми ја скратувај Твојата добрина; Твојата милост и Твојата вистина нека ме чуваат секогаш. Зашто ме опкружија безбројни зла, моите беззаконија ме стигнаа, така што не можам да гледам; ги има повеќе од влакната на мојата глава, и затоа моето срце се онемошти. Господи, благоволи да ме избавиш; Господи, побрзај да ми помогнеш!