Псалми 40:1-3
Псалми 40:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Трпеливо се надевав на Господ, и Тој се наклони над мене и ја чу молитвата моја, и ме изведе од длабината на јазот и од длабока тиња, па ги постави нозете мои на камен и ги зацврсти стапалата мои; а во устата моја вложи нова песна – похвала за нашиот Бог. Мнозина ќе видат, и страв ќе ги опфати и ќе се надеваат на Господ.
Псалми 40:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Јас се надевав цврсто во Господа, и Тој се наведна кон мене и го послуша мојот повик. И ме извлече од јамата на гибелта, од тињата и калта; ги стави моите нозе врз карпа, ги закрепи моите чекори. Во мојата уста стави нова песна, фалба на нашиот Бог. Мнозина ќе видат и ќе се исплашат: и ќе се надеваат на Господа.