Псалми 37:3-7
Псалми 37:3-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Верувај во Господ и прави добро, за да живееш на земјата и да уживаш во спокојство. Сета радост нека ти биде во Господ, и Тој ќе ти даде што ќе посака срцето твое. Довери Му го патот свој на Господ и во Него верувај и Тој ќе делува; и ќе ја изведе правдата твоја како светлина, и справедливоста твоја – како пладне. Биди кроток пред Господ и на Него надевај се. Не жести се на оној, кој успева на патот свој, на човек кој врши беззаконие.
Псалми 37:3-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Надевај се на Господа и прави добро, живеј на земјата и храни се со вистината. Сета твоја радост нека биде во Господа: Тој ќе ги исполни желбите на твоето срце! Предај Му ги на Господа своите патишта, надевај се на Него, и Тој ќе води сѐ. Твојата правда ќе блесне како светлина и твојот суд како пладне. Смири се пред Господа и надевај се на Него, не дразни се заради оној, кој напредува на својот пат, заради човекот кој кове подлост.