Псалми 32:3-5
Псалми 32:3-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Додека молчев, се сушеја коските мои од секојдневното мое воздишување, бидејќи и дење и ноќе тежеше над мене раката Твоја, се сушев како на летен припек. Тогаш го признав гревот мој и не го сокрив беззаконието свое, па реков: „Ќе Му ги исповедам на Господ моите престапи,“ и Ти ми ја прости вината на гревот мој.
Сподели
Прочитај Псалми 32Псалми 32:3-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кога молчев, моите коски се исушија од моето офкање преку целиот ден. Дење и ноќе, Твојата рака тежеше врз мене, мојата животна влага се претвори во летен припек. Тогаш го признав својот грев пред Тебе и својата вина веќе не ја криев. Реков: „Ќе му го признам на Господа својот престап,“ и Ти ми ја прости вината на мојот грев.
Сподели
Прочитај Псалми 32