Псалми 25:1-5
Псалми 25:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Кон Тебе, Господи, ја издигнувам душата своја. Боже мој, во Тебе се надевам, да не се посрамам, да не ликуваат над мене непријателите мои, да не се посрамат оние што се надеваат на Тебе; да се посрамат оние, што со леснотија изневеруваат. Покажи ми ги, Господи, патиштата Твои и научи ме да врвам по патеките Твои. Упати ме кон Твојата вистина и научи ме, зашто Ти си Бог на моето спасение; на Тебе се надевам секој ден.
Псалми 25:1-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кон Тебе, Господи, ја подигам мојата душа. На Тебе се надевам, Боже мој; не оставај да се засрамам, за да не се веселат над мене, моите непријатели. Навистина, нема да се засрамат оние, кои се надеваат на Тебе; ќе се засрамат оние, кои изневеруваат без причина. Покажи ми ги, Господи, Твоите патишта, научи ме на Твоите патеки! Води ме во Твојата вистина и научи ме, зашто Ти си Бог на моето спасение; на Тебе се надевам секој ден.