Псалми 22:22-25
Псалми 22:22-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ќе го објавувам името Твое на браќата и сестрите свои, сред собранието ќе Те фалам. Вие, што имате страхопочит кон Господ, восфалете Го! Целото семе Јаковово нека Го прославува; нека се бои од Него целото семе Израелово, зашто Тој не ја презре маката на страдалникот, не го сокри лицето Свое од мене, а ме послуша кога Те повикав. За Тебе е похвалата моја во великото собрание; ќе ги исполнам ветувањата свои пред оние што имаат страхопочит кон Него.
Псалми 22:22-25 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ќе го проповедам Твоето име на моите браќа, ќе Те фалам среде собранието. Вие кои се боите од Бога, фалете Го! Славете Го сите од Јакововиот род! Бојте се од Него сите Израелеви потомци! Зашто не го презре ниту ја заборави тагата на натажениот, и не го скри Своето лице од него, туку го чу, кога Го повика. Затоа ќе Те фалам во големото собрание, ќе ги исполнам своите завети пред оние кои се плашат од Него.