Псалми 22:1-5
Псалми 22:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Боже мој, Боже мој, зошто ме остави? Зошто си далеку за да ми помогнеш, за да ги чуеш моите повици? Боже мој! Те призивам дење – и Ти не слушаш, и ноќе – и нема мир за мене. Сепак, Ти си свет, опкружен со пофалби од Израел. На Тебе се надеваа татковците наши; се надеваа и Ти ги избави; кон Тебе викаа, и се спасуваа; на Тебе се надеваа, и не се посрамија.
Сподели
Прочитај Псалми 22Псалми 22:1-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Боже мој, Боже мој, зошто ме остави? Далеку си од моето спасение, од зборовите на моето офкање. Боже мој, викам дење, но не одговараш; и ноќе но немам мир. Но Ти си Свет, Надеж Израелева! Нашите татковци се надеваа на Тебе, се надеваа и Ти ги избави; кон Тебе викаа и се спасуваа, на Тебе се надеваа и не се засрамија.
Сподели
Прочитај Псалми 22