Псалми 149:1-4
Псалми 149:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Алилуја! Запејте Му на Господ нова песна; похвала за Него да се чуе во храмот на светиите. Нека се весели Израел на Својот Создател; а синовите на Сион нека се радуваат на својот Цар. Нека го фалат името Негово во оро, со тимпани и со лири нека Го слават, зашто Господ го сака Својот народ и ќе ги возвиши кротките, спасувајќи ги.
Псалми 149:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Алилуја! Пејте Му на Господа нова песна, и во собранието на светите, Неговата фала! Нека Му се весели Израел на Својот Творец! Нека Му викаат радосно синовите на Сион на својот Цар! Нека Го фалат Неговото име со веселба, нека Го слават со тапанче и псалтир! Зашто, Господ го љуби Својот народ, со спасение ги овенчува кротките!