Псалми 14:1-3
Псалми 14:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Рече безумниот во срцето свое: „Нема Бог.“ Се развратија луѓето, вршат гнасни дела, нема кој да прави добро. Господ погледна од небесата со внимание кон синовите човечки, за да види, има ли некој разумен, кој Го бара Бога. Сите застранија, сите станаа лоши, нема кој да прави добро, нема ниту еден.
Сподели
Прочитај Псалми 14Псалми 14:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Безумникот рече во своето срце: „Нема Бог!“ Се расипаа; нивните дела се гнасни нема кој да прави добро. Господ гледа од небесата на човечките синови за да види дали има некој разумен: кој да Го бара Бога. Сите свртија заедно, сите се расипаа; нема кој да прави добро, нема ниеден.
Сподели
Прочитај Псалми 14