Псалми 127:1-5
Псалми 127:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ако Господ не ја изѕида куќата, залудо ќе се трудат градителите нејзини; ако Господ не го запази градот, залудо ќе бдее стражата. Залудно вие станувате рано, доцна легнувате и го јадете лебот уморни; на оние кои Тој ги сака ним им дава сон. Ете, наследството Господово се синовите, дар од Него е породот. Она што се стрелите во раката на силниот, тоа се младите синови. Блажен е оној човек, кому му е исполнет тегарчикот со нив! Тие нема да се засрамат, кога ќе се препираат со непријателите нивни пред портите.
Псалми 127:1-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ако Господ не го гради домот, напразно се трудат ѕидарите. Ако Господ не го чува градот, напразно бдее стражарот. Залудно ви е да станувате пред зората и да седите долго во ноќта, вие што го јадете лебот на трудот: Тој им дава на Своите возљубени и во сон. Еве, синовите се дар од Господа, Негова награда е: плодот на утробата. Стрела во раката на воинот - тоа се синовите на младоста. Блажен е човекот кој со нив ќе ја наполни својата торба, не ќе се засрами, кога ќе разговара со непријателот во вратата.