Псалми 120:1-7
Псалми 120:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Кон Господа повикав во потиштеноста своја, и Тој ме услиши. Господи, избави ја душата моја од лажлива уста и од измамнички јазик. Што ќе ти се даде и уште што ќе ти се направи, лажлив јазику? Изострени стрели на силник, разгорени со пустински јаглен! Тешко мене, што морам да живеам во Мешех, да престојувам во шаторите кидарски. Долго живееше душата моја со оние што го мразат мирот. Јас сум за мир, но штом проговорам – тие се за војна.
Псалми 120:1-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кога бев во неволја, извикав кон Господа, и Тој ме послуша. Господи, избави ми ја душата од лажливи усни, од измамлив јазик! Што ќе Ти даде Тебе и што ќе Ти придаде измамливиот јазик? Со остри стрелички од војнички раце и со вжарено јаглење од метлика. Тешко ми мене што треба да престојувам во Месех, и да живеам во Кидарските Шатори! Предолго треба мојата душа да живее со мразителите на мирот. Кога зборувам за мирот, тие се за војна.