Псалми 119:56-62
Псалми 119:56-62 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тој стана мој, зашто ги пазам Твоите правила. Дел мој си Ти, Господи, – си реков – ќе го пазам законот Твој. Му се помолив на лицето Твое од сѐ срце: помилуј ме, според словото Твое. Размислувам за Твоите патишта и ги свртувам нозете мои кон Твоите уредби. Брзам и не се колебам да ги запазам Твоите заповеди. Замки од нечестиви ме опкружија, но јас не го заборавив Твојот закон. На полноќ станувам да Те величам поради Твоите праведни уредби.
Псалми 119:56-62 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Еве што е мојата желба: да ги чувам Твоите повелби. Мој дел е, Господ - реков - да ги пазам Твоите зборови. Го барав Твоето лице со сето мое срце, помилувај ме според Твоето слово. Размислував за своите патишта и ги насочив нозете кон Твоите сведоштва. Побрзав и не се двоумам да ги чувам Твоите заповеди. Ме сплеткаа јажињата на грешниците, но јас не го заборавам Твојот Закон. Станувам, на полноќ, за да Те славам, заради Твоите праведни одлуки.