Псалми 119:33-37
Псалми 119:33-37 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Покажи ми го, Господи, патот на Твоите наредби и ќе се придржувам за нив до крај. Поучи ме, и ќе се држам за законот Твој и ќе го пазам со сето срце свое. Упати ме на патеката на Твоите заповеди, зашто многу ја засакав. Приклони го срцето мое кон Твоите сведоштва, а не кон лакомства. Сврти ги очите мои за да не гледам суета: оживи ме на Својот пат.
Псалми 119:33-37 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Покажи ми ја Господи, врвицата на Твоите правила и јас ќе ја чувам до крај. Научи ме да се придржувам кон Твојот Закон и ќе го чувам со сето срце. Упати ме по патеката на Твоите заповеди, зашто јас се насладувам во неа. Приклони ми го срцето кон Твоите прописи, а не кон среброљубие! Одврати ги моите очи да не ја гледаат суетата, чувај ми го животот на Твојот пат!