Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 119:32-45

Псалми 119:32-45 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Ќе брзам по патот на Твоите запо­веди, кога ќе го прошириш моето раз­бирање. Покажи ми го, Господи, патот на Твоите наредби и ќе се придржувам за нив до крај. Поучи ме, и ќе се држам за законот Твој и ќе го пазам со сето срце свое. Упати ме на патеката на Твоите заповеди, зашто многу ја засакав. Приклони го срцето мое кон Твои­те сведоштва, а не кон лакомства. Сврти ги очите мои за да не гледам суета: оживи ме на Својот пат. Во слугата Свој внеси збор Свој за да се бои од Тебе. Отстрани го од мене прекорот, од кој се плашам, зашто Твоите уредби се прекрасни. Ете, јас копнеам по Твоите правила: Оживеј ме според Својата праведност. И нека милоста Твоја, Господи, пријде на мене, и спасението од Тебе според зборовите Твои, – и јас ќе им одговорам на оние што ме навредуваат, зашто верувам во збо­ровите Твои. Не одземај го сосема од устата моја словото на вистината, зашто јас се надевам на Твоите уредби. И ќе го чувам Твојот закон засекогаш и во векови. Ќе одам слободно, зашто ги барам Твоите заповеди.

Псалми 119:32-45 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Јас чекорам по патот на Твоите заповеди, зашто Ти ми го осветли срцето. Покажи ми ја Господи, врвицата на Твоите правила и јас ќе ја чувам до крај. Научи ме да се придржувам кон Твојот Закон и ќе го чувам со сето срце. Упати ме по патеката на Твоите заповеди, зашто јас се насладувам во неа. Приклони ми го срцето кон Твоите прописи, а не кон среброљубие! Одврати ги моите очи да не ја гледаат суетата, чувај ми го животот на Твојот пат! Исполни ги ветувањата на Твојот слуга, што им ги даде на оние кои се бојат од Тебе! Отстрани го срамот, од кој се плашам, зашто се благи Твоите пресуди. Еве, копнеам по Твоите наредби: поживи ме со Твојата правда. О, Господи, нека Твојата милост дојде врз мене, и Твоето спасение според Твоето ветување. Ќе им одговорам на оние што ме исмеваат, зашто се надевам на Твоето слово. Не одземај го зборот на вистината од мојата уста, зашто се надевам на Твоите судови. Ќе го пазам Твојот Закон постојано и довека. Ќе одам нашироко, зашто ги истражувам Твоите повелби.