Псалми 119:17-24
Псалми 119:17-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Покажи милост кон Твојот слуга, и ќе живеам и ќе ги пазам Твоите зборови. Отвори ги очите мои, и ќе ги разберам чудесата од Твојот закон. Придојден сум на земјава, не сокривај ги од мене Твоите заповеди. И копнее душата моја во секое време да ги сака Твоите уредби. Ти ги укоруваш горделивите; проклети да се оние, кои се отклонуваат од Твоите заповеди. Отстрани го од мене прекорот и презирот, зашто ги пазев Твоите прописи. Кнезовите седат и ме клеветат, а Твојот слуга размислува за Твоите повелби. Сведоштвата, пак, Твои се поука моја, а наредбите Твои – советници.
Псалми 119:17-24 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Биди милостив кон мене, кон Твојот слуга, за да живеам и да ги чувам Твоите зборови. Отвори ги моите очи, за да ги гледам убавините на Твојот Закон! Јас сум придојденик на земјата, не ги криј од мене Твоите заповеди! Душата ми се истоштува во секое време, копнеејќи за Твоите одлуки. Ти им се закани на гордите, проклети да се оние, што отстапуваат од Твоите заповеди. Оддалечи ги од мене: презрението и срамот, зашто јас ги чувам Твоите сведоштва. Кнезовите се состануваат и зборуваат против мене, Твојот слуга ќе размислува за Твоите заповеди. Зашто Твоите сведоштва се моја наслада, Твоите повелби се мои советници.