Псалми 119:1-10
Псалми 119:1-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Блажени се непорочните во патот нивни, зашто одат според законот Господов. Блажени се оние кои ги пазат сведоштвата Негови и од сѐ срце Го бараат, оние кои не вршат беззаконие, туку одат по Неговите патишта. Ти заповеда грижливо да се пазат Твоите заповеди. О, да се управат моите патишта за да ги чувам Твоите заповеди! Тогаш нема да се засрамам, гледајќи ги сите Твои заповеди. Ќе Те славам Господи со чисто срце, кога ќе ги научам Твоите праведни судови. Ќе ги пазам Твоите заповеди; не оставај ме сосема. Како момчето ќе го запази во чистота патот свој? – Ако ги пази зборовите Твои! Со сето срце мое Те барам, не дозволувај да застранам од Твоите заповеди.
Псалми 119:1-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Блажени се чиј пат е непорочен, кои одат според Господовиот Закон! Блажени кои: ги чуваат Неговите сведоштва, Го бараат со целото срце. Кои не прават беззаконие, туку одат по Неговите патишта. Ги даде Своите прописи, за да бидат пазени грижливо. О, кога би биле цврсти моите патишта, за да ги чувам Твоите правила! Не ќе се засрамам тогаш, кога ќе внимавам на сите Твои заповеди. Ќе Те славам во чесноста на срцето, кога ќе ги научам пресудите на Твојата правда. Ќе ги чувам Твоите повелби: не ме оставај никогаш! Како ќе го запази младиот човек чист својот пат? чувајќи ги Твоите зборови. Те барам Тебе со целото свое срце; не оставај да скршнам настрана од Твоите заповеди.