Псалми 107:4-9
Псалми 107:4-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тие скитаа по безводната пустина и нигде пат ниту населен град не најдоа; трпеа глад и жед, душата им ослабна во нив, но во жалоста своја Го повикаа Господа, и Тој ги избави од нивните неволји и ги поведе по правиот пат, за да одат кон населен град. Нека Го слават Господа за милоста Негова и за чудесата Негови што им ги направи на синовите човечки: зашто Тој ја напојува жедната душа и душата гладна ја исполнува со блага.
Псалми 107:4-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Скитаа низ пустината, во пуста осаменост, не наоѓајќи пат до населен град. Беа гладни, изморени од жед, душата истоштена во нив. Тогаш извикаа на Господа во својата тешкотија, и Тој ги избави од сите неволји. Ги поведе по правиот пат, за да стигнат до населен град. Нека Го слават Господа за Неговата милост, за Неговите чудеса кон човечките синови, зашто Тој ја насити гладната душа, Тој ја наполни со добрина изгладнетата душа.