Изреки 3:5-10
Изреки 3:5-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Надевај се на Господ од сѐ срце и не се потпирај врз твојот разум. По сите свои патишта размислувај за Него, и Тој ќе ти ги покаже твоите патеки. Не сметај се за мудрец; имај страв од Господ и бегај од злото: тоа ќе биде здравје за твоето тело и лек за твоите коски. Давај Му принос на Господ од имотот твој и од првините на плодовите од твоите придобивки, и твоите житници ќе се исполнат до врвот, а твоите преси ќе се прелеваат од вино.
Изреки 3:5-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Надевај се на Господа со сето свое срце и не се потпирај врз сопствениот разум. Мисли на Него на сите свои патишта и Тој ќе ги исправи твоите патеки. Не замислувај дека си мудар: Бој се од Господа и отстранувај се од злото, тоа ќе биде лек за твоето тело и поткрепа на твоите коски. Почитувај Го Господа со својот имот и со првините на сиот свој приход, и твоите житници ќе бидат преполни, и твоите каци ќе се прелеваат со ново вино.