Изреки 3:32-35
Изреки 3:32-35 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
зашто на Господ Му е одвратен безбожникот, а близок е со праведникот. Проклетството Господово е врз домот на безбожниот, а живеалиштето на праведниот Бог го благословува. Над оние што се подигруваат, Тој им се потсмева, а на смирените им дава благодат. Мудрите ќе наследат слава, а безумните – срам.
Изреки 3:32-35 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
зашто на Господа му се гнасни развратите, а близок е со праведните. Господовото проклетство е врз домот на безбожникот, а благословот е во домот на праведникот. На потсмевнувачите тој им се потсмевнува, а на смирените им дарува благодат. Мудрите ќе ја наследат славата, а безумниците ќе го носат срамот.