Изреки 18:17-21
Изреки 18:17-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Првиот по тужбата си е прав, но доаѓа противникот негов и го порекнува. Ждрепката прекинува расправии и решава спор меѓу силните. Навреден брат е понепристапен од утврден град, а караниците понепопустливи од затварало на кула. Од плодот на устата на човекот се полни стомакот негов; од плодовите на устата своја тој се наситува. Смртта и животот му се потчинети на јазикот, и оние што го владеат, ќе вкусат од плодовите негови.
Изреки 18:17-21 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кој прв го заштитува своето дело се чини дека е прав, а кога ќе дојде неговиот сосед го испитува. Жрепката ги прекратува споровите, и одлучува меѓу силните. Навредениот брат е појак од цврст град, и расправите се како лостови на тврдина. Секој го наситува желудникот со плодот на својата уста, се наситува со родот на своите усни. Смртта и животот се во власта на јазикот, а кој го милува, јаде од неговиот плод.