Изреки 1:10-16
Изреки 1:10-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Синко, ако те мамат грешници, не попуштај; ако кажат: „Дојди со нас, да направиме заседа за убиство, да го пречекаме непорочниот без вина, жив да го голтнеме, како што голта пеколот, и цел како оној што слегува во гроб; да си натрупаме секаков скапоцен имот, да ги наполниме куќите наши со плен; ти ќе фрлаш ждрепка заедно со нас, една торба ќе има за сите нас.“ Синко, не оди на пат со нив, задржи си ја ногата од патеките нивни, зашто нозете нивни трчаат кон злото и брзаат крв да пролеваат
Изреки 1:10-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Сине мој, ако грешниците те мамат, не се согласувај; ако ти речат: „Дојди со нас, да дебнеме крв, да чекаме во заседа невини за ништо; како гроб живи да ги проголтаме, и цели како оние, што слегуваат во гроб; ќе заплениме секакво благо, ќе ги наполниме своите куќи со плен; ќе го фрлаш со нас својот жреб, сите заедно ќе имаме едно ќесе.“ Сине мој, не оди со нив на пат, тргни ја ногата од нивните патеки, зашто кон зло трчаат со своите нозе и итаат да пролеваат крв.