Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Филипјаните 2:1-8

Филипјаните 2:1-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И така, ако во Христос има не­ка­ква утеха, ако има некаков поттик од љубовта, ако има некакво заедништво со Духот, ако има некое милосрдие и сострадание, исполнете ја мојата радост: бидете со една мисла, бидејќи имате една и ис­та љубов, и бидете еднодушни и едно­мислени; не правете ништо од честољубие или за празна слава, но од понизност сметај­те се еден друг за погорен од себеси! Не грижете се секој само за себе, ту­ку и за другите! Бидејќи вие треба да ги имате ис­ти­те мисли, што ги има Исус Христос, Кој, иако беше во Божји лик, не сме­таше дека треба да го искористи тоа што е еднаков со Бога; но Сам Себе се понизи, земајќи лик на слуга се изедначи со луѓето и по из­глед се покажа како човек; Сам Себе се понизи, послушен сѐ до самата смрт, смрт на крст.

Филипјаните 2:1-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Затоа, ако наоѓате охрабрување во фактот дека сте Христови следбеници, ако Неговата љубов ве утешува, ако имате заедништво со Светиот Дух, ако сте чувствителни и сочувствувате еден спрема друг, тогаш потрудете се мојата радост да биде целосна со тоа што ќе бидете сложни, ќе се сакате, и здружени ќе се стремите кон една иста цел. Немојте да правите ништо од себичност, од ривалство и со цел да се истакнете, туку работете скромно и негувајте повисоко мислење за другите, отколку за себе. Не гледајте си ги само сопствените интереси, туку грижете се и за потребите на другите. Размислувајте онака како што размислуваше Исус Христос: Тој, иако по Својата природа е Бог, е ја искористи Својата еднаквост со Бог за да приграби нешто за Себе. Напротив, се откажа од тоа и стана слуга, се роди во човечко тело и живееше како човек. Како човек, Тој се понижи, остана покорен и по цена на Својот живот, и понизно умре распнат на крст.

Филипјаните 2:1-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И така, ако има некаква утеха во Христа, ако има некакво охрабрување од љубов, ако има некаква заедница на Духот, ако има некакво внатрешно сочувство и сомилост, исполнете ја мојата радост, и мислете исто имајќи ја истата љубов, еднодушни со мисли насочени кон едно. Не правете ништо од натпреварување или од суетно честољубие, туку во понизност сметајте се еден друг за поголем од себеси! Не гледајте секој само на своето, туку секој нека гледа на она што се однесува за другите. Имајте ја во себе истата мисла, која беше и во Исуса Христа; Кој, иако е во Божјо обличје, не го сметаше како грабнато - тоа што е еднаков со Бога, туку се лиши Самиот Себе, и зеде обличје на слуга станувајќи сличен со луѓето. И откако се најде во лик како човек, Тој се понизи Самиот Себе и стана послушен до смрт, дури и до смрт на крст.