Филипјаните 1:27-30
Филипјаните 1:27-30 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Трудете се да живеете достојно на Радосната вест на Христос. Без разлика дали сум со вас и можам да видам што правите, или сум отсутен, сакам да слушам само добро за вас: дека еднодушно и сложно се борите за верата што произлегува од Радосната вест. Немојте да се плашите од вашите непријатели. Бидете секогаш храбри. Со тоа ќе им покажете дека тие ќе изгубат, а вие ќе бидете спасени, зашто Бог е на ваша страна. Дадена ви е привилегијата да Му служите на Христос, не само со тоа што ќе верувате во Него, туку и со тоа што ќе страдате за Него, водејќи ја истата борба што ја водев јас, како што и самите видовте, борба што и сега, како што слушате, продолжувам да ја водам.
Филипјаните 1:27-30 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Живејте само достојно за Христовото Евангелие, та, ако дојдам и ве видам, или пак во отсуство слушнам за вас дека стоите во еден дух, борејќи се еднодушно за верата на Евангелието, и во ништо не се плашите од противниците; тоа е знак за нивната погибел, а за вашето спасение, и тоа е од Бога. Зашто вам ви се даде дар поради Христос не само да верувате во Него, туку и да страдате за Него, борејќи се со истата борба, каква што видовте во мене и сега слушате за мене.
Филипјаните 1:27-30 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Само однесувајте се достојно за Христовото Евангелие, за да можам јас - било да дојдам и да ве видам, било да сум отсутен да чујам за вас, дека стоите цврсто во еден дух, дека еднодушно се борите заедно за верата на Евангелието, и дека во ништо не се плашите од противниците: тоа е за нив знак за погибел, а за вас за спасение, и тоа од Бога, зашто вам ви се даде милост заради Христа не само да верувате во Него, туку и да страдате заради Него, имајќи ја истата борба, како што видовте во мене, а и сега слушате за мене.