Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Филипјаните 1:12-18

Филипјаните 1:12-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Сакам да знаете, драги пријатели христијани, дека она што ми се случи, помогна Радосната вест уште поуспешно да се шири. Целата царска стража во касарната и сите луѓе што се овде дознаа дека сум затворен поради тоа што проповедам за Христос. Мојот престој во затворот кај повеќето христијани ја зацврсти нивната вера во Господ, ги поттикна да бидат посмели и без страв да ја проповедаат Божјата порака. Навистина, некои тоа го прават од завист и од соперништво спрема мене, но другите со најискрени намери проповедаат за Христос. Оние што го прават тоа од љубов знаат дека Бог ме определи да ја бранам Радосната вест. Оние, пак, што проповедаат од ривалство и нечесни мотиви, сакаат да ми ја наголемат болката додека сум в затвор. Но без оглед на тоа дали мотивите се чисти или не, се проповеда за Христос! А јас на тоа се радувам и ќе продолжам да се радувам

Филипјаните 1:12-18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

А сакам да знаете, браќа, дека ова што се случува со мене помогна мошне многу за ширењето на Евангелието, така што им стана јасно на целата царска стража и на сите други, дека сум во окови заради Христа, и дека повеќето од браќата во Господа, охрабрени од моите окови, се осмелуваат сѐ повеќе да го проповедаат без страв Божјото слово. Навистина, едни Го проповедаат Христа од завист и љубов кон препирки, а други од добра волја; едни од љубов, знаејќи дека лежам во окови за одбрана на Евангелието, а други Го навестуваат Христа од нечесно честољубие, не со чиста намера, мислејќи да ми нанесат неволја во моите окови. Но што тогаш? Само тоа: дека на секој начин, било дволично или искрено, Христос се проповеда. И му се радувам на тоа, а и ќе се радувам