Филипјаните 1:12-14
Филипјаните 1:12-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А сакам да знаете, браќа, дека ова што се случува со мене помогна мошне многу за ширењето на Евангелието, така што им стана јасно на целата царска стража и на сите други, дека сум во окови заради Христа, и дека повеќето од браќата во Господа, охрабрени од моите окови, се осмелуваат сѐ повеќе да го проповедаат без страв Божјото слово.
Филипјаните 1:12-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Сакам да знаете, драги пријатели христијани, дека она што ми се случи, помогна Радосната вест уште поуспешно да се шири. Целата царска стража во касарната и сите луѓе што се овде дознаа дека сум затворен поради тоа што проповедам за Христос. Мојот престој во затворот кај повеќето христијани ја зацврсти нивната вера во Господ, ги поттикна да бидат посмели и без страв да ја проповедаат Божјата порака.
Филипјаните 1:12-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Сакам, браќа, да знаете дека тие работи, што ми се случија, придонесоа за поголем успех на Евангелието, така што во целата преторија и меѓу сите други стана познато дека сум во окови за Христос; и дека повеќето од браќата во Господ, поттикнати од моите окови, се осмелија, без страв да го проповедаат словото Божјо.