Филимон 1:4-7
Филимон 1:4-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Филемоне, секогаш кога ќе те спомнам во моите молитви, Му благодарам на Бог за тебе. Слушам за твојата вера во Господ Исус и љубов спрема сите верни. Се молам да имаш успех во споделувањето на верата со другите, па и тие да сфатат какви се благослови Христос ни даде. Љубовта што ја имаш многу ме израдува и ме охрабри. Ги зарадува и срцата на сите Божји луѓе.
Филимон 1:4-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Секогаш Му благодарам на мојот Бог, кога те спомнувам во молитвите свои, бидејќи слушам за твојата љубов и вера, која ја имаш во Господ Исус и кон сите светии, и молам нашата заедничка вера да се покаже во тебе на дело во познанието на секое добро, кое го имаме за Исус Христос. Зашто ние многу се радуваме и утешуваме поради твојата љубов, брате, бидејќи преку тебе се успокоија срцата на светиите.
Филимон 1:4-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Секогаш Му благодарам на мојот Бог, кога те спомнувам во своите молитви имено, слушам за твојата љубов и вера, што ја имаш кон Господа Исуса и кон сите свети, и твоето општење во верата да биде делотворно во познавањето на секое добро што е во вас заради Исуса Христа. Зашто имам голема радост и утеха во твојата љубов, бидејќи ти - брате - ги освежи срцата на светите.