Марко 9:33-37
Марко 9:33-37 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Потоа Исус и Неговите ученици отидоа во Неговата куќа во градот Кафарнаум. Таму, во куќата, Исус ги праша: „За што се расправавте по патот?“ Тие молчеа, бидејќи расправијата беше околу тоа, кој од нив е најважен. Седнувајќи, Исус ги повика дванаесеттемина Свои ученици да се соберат околу Него, па им рече: „Тој што сака почесно место меѓу вас, треба да им биде како слуга на сите!“ Потоа Исус повика едно дете, го исправи пред нив, го гушна и рече: „Секој што во Мое име ќе прифати едно од овие деца, Ме прифаќа Мене. Прифаќајќи Ме Мене, Го прифаќа и Оној што Ме испрати.“
Марко 9:33-37 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И дојде во Капернаум; и кога беше дома, ги праша: „Што размислувавте меѓу себе патем?“ Тие молчеа, зашто патем се препираа меѓу себе, кој е поголем. Тој седна и ги повика дванаесетте, па им рече: „Кој сака да биде прв, нека биде последен од сите, и слуга на – сите!“ И тогаш зеде едно дете, го постави меѓу нив, го гушна и им рече: „Кој прима едно такво дете во Мое име, Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, не Ме прима Мене, туку Оној, Кој Ме пратил.“
Марко 9:33-37 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И дојдоа во Капернаум, и кога беше во куќата, ги праша: „За што се расправавте патем?“ А тие молчеа, зашто патем се расправаа меѓусебно за тоа кој е поголем. Тој пак седна, ги повика Дванае-сетте и им рече: „Кој сака да биде прв, нека биде последен и слуга на сите!“ Тогаш зеде едно детенце, го постави меѓу нив, го прегрна и им рече: “Кој прима едно такво дете во Мое име, Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, не Ме прима Мене, туку Оној Кој Ме испратил.“