Марко 9:30-31
Марко 9:30-31 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Заминувајќи си оттаму, Исус и Неговите ученици патуваа низ покраината Галилеја. Исус не сакаше никој да дознае за тоа. Тој сакаше да го мине времето поучувајќи ги само Своите ученици. Им зборуваше дека Тој, Синот Човечки, ќе им биде предаден на луѓето и дека тие ќе Го погубат, но и тоа дека три дена по погубувањето Тој ќе воскресне од мртвите.
Марко 9:30-31 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И кога излегоа оттаму, минуваа преку Галилеја; и Тој не сакаше некој да разбере. Зашто ги учеше учениците Свои и им велеше дека Синот Човечки ќе биде предаден во човечки раце, и ќе Го убијат, и на третиот ден по убивањето ќе воскресне.
Марко 9:30-31 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И кога замина оттаму, минуваа низ Галилеја, и не сакаше некој да научи за тоа; имено, ги поучу-ваше Своите ученици и велеше: „Човечкиот Син ќе биде предаден во човечки раце, и ќе Го убијат; и откако ќе Го убијат, Тој ќе воскресне на третиот ден.