Марко 8:34-35
Марко 8:34-35 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тогаш Исус ги повика Своите ученици и народот поблиску до Себе и им рече: “Тој што сака да стане Мој следбеник треба да се откаже од своите себични амбиции, да си го понесе својот крст и да тргне по Моите стапки. Зашто, секој што сака да си го запази животот само за себе - ќе го загуби; а ако Ми го посвети Мене и на Евангелието - ќе го зачува.
Марко 8:34-35 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И кога го повика народот и учениците Свои, им рече: „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене. Зашто, кој сака да го спаси својот живот, ќе го загуби; а кој го загуби животот свој заради Мене и Евангелието, тој ќе го спаси.
Марко 8:34-35 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И го повика народот, заедно со Своите ученици и им рече: „Кој сака да дојде по Мене, нека се одрече од себеси и нека го подигне својот крст и нека оди по Мене. Зашто, кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја загуби; а кој ќе ја загуби својата душа заради Мене и Евангелието, ќе ја спаси.