Марко 8:31-33
Марко 8:31-33 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Оттогаш Исус почна да им кажува што сe ќе се случи со Него. Им кажа дека Него, Синот Човечки, Го очекуваат големи страдања, дека Тој ќе биде отфрлен од народните водачи, од свештеничките поглавари и од вероучителите, дека тие ќе Го убијат, но и дека по три дни Тој ќе воскресне. За сето ова им говореше многу отворено. Тогаш Петар Го повлече Исуса настрана, укорувајќи Го дека така зборува. Исус се сврте кон Своите ученици, а потоа со строг глас му рече на Петар: „Бегај од Мене, Сатано! Тоа што го велиш е човечко размислување, а не Божјо!“
Марко 8:31-33 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Па почна да ги учи дека Синот Човечки треба многу да пострада, да биде отфрлен од старешините, првосвештениците и книжниците, и да биде убиен и на третиот ден да воскресне. И говореше за тоа отворено. Но Петар, Го повлече настрана и почна да Го одвраќа. А Тој, кога се заврте и ги погледна учениците Свои, му забрани на Петар да говори и рече: „Бегај од Мене, сатано! Зашто не мислиш на она што е Божјо, туку на она што е човечко!“
Марко 8:31-33 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И почна да ги учи дека Човечкиот Син треба да пострада многу и да биде отфрлен од старешините, првосвештениците и книжниците; дека ќе Го убијат и дека по три дни ќе воскресне. И тоа го зборуваше отворено. А Петар Го зеде насамо и почна да Го укорува. Но Тој се заврте и ги погледна Своите ученици, го укори Петра и рече: „Оди си од Мене, сатано, зашто ти не мислиш за она што е Божјо, туку за она што е човечко.“