Марко 8:27-31
Марко 8:27-31 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Исус и Неговите ученици заминаа по селата во околината на градот Цезареја Филипова. Додека патуваа, Исус ги запраша: „За кого Ме сметаат луѓето?“ Учениците одговорија: „Едни мислат дека си Јован Крстител или пророкот Илија; други мислат дека си некој од древните пророци.“ Тогаш Исус ги праша: „А за кого Ме сметате вие?“ Петар одговори: „Ти си Месијата!“ Исус им забрани да им кажуваат на луѓето за Него. Оттогаш Исус почна да им кажува што сe ќе се случи со Него. Им кажа дека Него, Синот Човечки, Го очекуваат големи страдања, дека Тој ќе биде отфрлен од народните водачи, од свештеничките поглавари и од вероучителите, дека тие ќе Го убијат, но и дека по три дни Тој ќе воскресне.
Марко 8:27-31 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И излезе Исус со учениците Свои по селата на Кесарија Филипова. По патот ги праша учениците Свои и им рече: „За кого Ме мислат луѓето?“ Тие одговорија: „За Јован Крстител, некои за Илија, а други, пак, за некој од пророците.“ Тој, пак, им рече: „А вие, за кого Ме мислите?“ Петар Му одговори и рече: „Ти си Христос!“ И им заповеда никому да не говорат за Него. Па почна да ги учи дека Синот Човечки треба многу да пострада, да биде отфрлен од старешините, првосвештениците и книжниците, и да биде убиен и на третиот ден да воскресне.
Марко 8:27-31 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И излезе Исус, со Своите ученици, по селата на Кесарија Фили-пова; а патем ги прашуваше Сво-ите ученици, велејќи им: „Што велат луѓето, Кој Сум Јас?“ Тие Му рекоа: „Јован Крстител, други велат Илија; а трети - дека си еден од пророците.“ Но Тој ги праша: „А вие за Кого Ме сметате?“ Петар во одговор Му рече: „Ти си Христос“. И им забрани никому да не зборуваат за Него. И почна да ги учи дека Човечкиот Син треба да пострада многу и да биде отфрлен од старешините, првосвештениците и книжниците; дека ќе Го убијат и дека по три дни ќе воскресне.