Марко 6:41-43
Марко 6:41-43 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Исус ги зеде петте леба и двете риби, го поткрена погледот кон небото, ги благослови лебовите и ги раскрши. Потоа им ги подаваше на учениците кои им ги даваа на луѓето. На ист начин им делеше на сите и од двете риби. Сите јадеа до наситување, а учениците собраа и дванаесет полни кошници со парчиња што преостанаа од лебот и од рибите.
Марко 6:41-43 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тој ги зеде петте леба и двете риби, па, погледна кон небото, ги благослови лебовите и ги прекрши, и им ги даде на учениците Свои, за да им ги стават пред нив; исто така им ги раздели и двете риби на сите. И јадеа сите и се наситија. И собраа парчиња, од лебот и од рибите, полни дванаесет кошеви.
Марко 6:41-43 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И ги зеде петте лебови и двете риби, погледна кон небото, благослови и ги раскрши лебовите, па им даваше на учени-ците да ги ставаат пред нив; и двете риби им ги раздели на сите. И сите јадеа и се наситија. И кренаа дванаесет кошници полни со лебни залаци, и од рибите.