Марко 6:37-38
Марко 6:37-38 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
„Дајте им вие нешто да јадат“ - им одговори Исус.“ Но тие му рекоа: „Да се купи леб за сиот овој народ, би ни требале повеќе од двесте денарии!“ „Одете и проверете колку лебови имате“ - им рече Исус. Откако проверија, Му рекоа: „Имаме пет леба и две риби!“
Сподели
Прочитај Марко 6Марко 6:37-38 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тој им одговори и рече: „Дајте им вие да јадат!“ А тие Му рекоа: „Да појдеме и да купиме за двесте денарии леб, па да им дадеме да јадат?“ Потоа Тој ги праша: „Колку лебови имате? Отидете и видете!“ И кога видоа рекоа: „Пет леба и две риби.“
Сподели
Прочитај Марко 6Марко 6:37-38 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А Тој одговори и рече: „Дајте им вие да јадат!“ Му рекоа: „Да одиме ли да купиме леб за двеста денарии и да им дадеме да јадат?“ А Тој им рече: „Колку лебови имате? Одете и видете!“ И кога узнаа, рекоа: „Пет и две риби.“
Сподели
Прочитај Марко 6