Марко 4:26-32
Марко 4:26-32 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Па рече: „Царството Божјо прилега на човек што фрлил семе в земја, па спие, и станува ноќе и дење; а како никнува и како расте семето, тој не знае. Зашто земјата сама од себе донесува плод, најнапред стебленце, па клас, а потоа и полно зрно во класот. А кога ќе узрее плодот, веднаш испраќа срп, зашто дошло времето за жетва.“ Пак продолжи: „Со што да го споредиме царството Божјо или со каква парабола да го прикажеме? Тоа е како синапово зрно, кое, кога се сее в земја, е помало од сите земни семиња; а кога ќе се посее, израснува и станува поголемо од сите грмушки, и пушта големи гранки, така што под неговата сенка можат да се засолнуваат птиците небески.“
Марко 4:26-32 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Во продолжение, Исус рече: „Божјото царство може да се спореди со семе што човек го посева на својата нива. Потоа, тој ноќе спие, а дење излегува. За тоа време семето никнува и расте, иако тој не го разбира тоа. Самата земја го произведува плодот: најпрво стебло, потоа клас и на крајот зрна. Штом плодот ќе созрее, доаѓа жетвата и сејачот го жнее.“ „Како да го опишеме Божјото царство? Со што да го споредиме?“ - продолжи Исус. „Тоа може да се спореди со посеано синапово зрно: иако тоа е најмало од сите семиња, кога ќе се посее, израснува поголемо од сите градинарски растенија и се разгранува, така што под неговите гранки и птиците си свиваат гнезда!“
Марко 4:26-32 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И велеше: „Така, Божјото Цар-ство е како кога човек ќе фрли семе во земја; и спие и станува ноќе и дење, а семето никнува и расте, а самиот не знае како. Земјата сама од себе донесува плод, најнапред стебло, после клас - потоа клас полн со зрна. А кога плодот узрее, веднаш испраќа срп, зашто настанала жетва.“ И велеше: „Со што да го споре-диме Божјото Царство? Со каква парабола да го претставиме? Тоа е како синаповото зрно, што кога се сее во земјата, е помало од сите семиња на земјата; но кога е посеано, израснува и станува пого-лемо од сите зеленчуци и пушта големи гранки, така што небес-ните птици можат да се гнездат под неговата сенка.“