Марко 4:26-29
Марко 4:26-29 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Па рече: „Царството Божјо прилега на човек што фрлил семе в земја, па спие, и станува ноќе и дење; а како никнува и како расте семето, тој не знае. Зашто земјата сама од себе донесува плод, најнапред стебленце, па клас, а потоа и полно зрно во класот. А кога ќе узрее плодот, веднаш испраќа срп, зашто дошло времето за жетва.“
Марко 4:26-29 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Во продолжение, Исус рече: „Божјото царство може да се спореди со семе што човек го посева на својата нива. Потоа, тој ноќе спие, а дење излегува. За тоа време семето никнува и расте, иако тој не го разбира тоа. Самата земја го произведува плодот: најпрво стебло, потоа клас и на крајот зрна. Штом плодот ќе созрее, доаѓа жетвата и сејачот го жнее.“
Марко 4:26-29 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И велеше: „Така, Божјото Цар-ство е како кога човек ќе фрли семе во земја; и спие и станува ноќе и дење, а семето никнува и расте, а самиот не знае како. Земјата сама од себе донесува плод, најнапред стебло, после клас - потоа клас полн со зрна. А кога плодот узрее, веднаш испраќа срп, зашто настанала жетва.“