Марко 3:14-19
Марко 3:14-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Избра дванаесетмина кои ги нарече апостоли да бидат со Него и да ги праќа да проповедаат; и да имаат власт да лекуваат болести и да изгонуваат демони: првиот Симон, кого го нарече Петар; па Јаков Заведеев и брат му Јован, на кои им даде име Воанергес, што значи, синови на громот; потоа Андреј, Филип, Вартоломеј, Матеј, Тома, Јаков Алфеев, Тадеј, Симон Хананеецот и Јуда Искариот, кој и Го предаде.
Марко 3:14-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Од нив Тој избра дванаесет души да бидат Негови апостоли: да Го придружуваат и да ги испраќа да проповедаат. Исто така и да ги ослободуваат луѓето обземени од демони. А дванаесеттемина беа овие: Симон, кого Исус го нарече Петар, Завдаевите синови Јаков и Јован, кои Исус ги нарече „грмежливи синови“, Андреј, Филип, Бартоломеј, Матеј, Тома, Алфеевиот син Јаков, потоа Тадија, Симон Кананеецот, и Јуда Искариот, кој подоцна стана предавник на Исус.
Марко 3:14-19 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И определи Дванаесетмина да бидат со Него, и да ги праќа да проповедаат, и да имаат власт да ги изгонуваат бесовите. И ги определи Дванаесет-мина: и на Симона му го даде името Петар, па Јакова Зеведеев и Јована, братот Јаковов, на кои им го даде името Воанергес - што значи: Синови на Громот; и Андреја, и Филипа, и Вартоломеја, и Матеја, и Тома, и Јакова Алфеев, и Тадеја, и Симона Хананец, и Јуда Искариотски, кој Го предаде.