Марко 13:2-4
Марко 13:2-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Исус, пак, му одговори и рече: „Ги гледаш ли овие големи згради? Ни камен на камен нема да остане овде, што не ќе биде урнат!“ А кога седеше на Маслиновата Гора, спроти храмот, Го прашаа насамо Петар, Јаков, Јован и Андреј: „Кажи ни, кога ќе биде тоа и кој е знакот, кога ќе се сврши сето тоа?“
Марко 13:2-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Во одговор, Исус му рече: „Ги гледаш ли овие големи градби? Сето тоа ќе биде разурнато и камен врз камен нема да остане!“ Подоцна, кога Исус седеше на падините од Маслиновата Гора, спроти храмот, Му пристапија насамо Петар, Јаков, Јован и Андреј, и Го прашаа: „Кажи ни, кога ќе се случат сите овие нешта и кој ќе биде знакот што ќе го навести нивното исполнување?“
Марко 13:2-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А Исус му рече: „Ги гледаш ли овие големи згради? Нема да остане камен на камен, што не ќе биде разурнат. И кога седеше на Мас-линовата Гора, спроти Храмот, Петар и Јаков и Јован и Андреј Го прашаа насамо: “Кажи ни кога ќе биде тоа, и каков е знакот, кога сѐ тоа ќе се исполни?“