Марко 10:6-9
Марко 10:6-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Во почетокот Бог создаде маж и жена. При стапување во брак човекот се одвојува од својот татко и од својата мајка и се присоединува кон својата жена. Тогаш двајцата стануваат едно тело. Значи, тие не се повеќе две тела, туку едно тело. Никој не смее да ги раздружува оние што Бог ги здружил во брак.“
Марко 10:6-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Во почетокот на создавањето, пак, Бог ги создаде машко и женско. Затоа човек ќе го остави татка си и мајка си, ќе се прилепи до жената своја и обата ќе бидат во едно тело; и така, тие веќе не се двајца, туку едно тело. Значи, тоа што Бог го сврзал, човек да не го разделува.“
Марко 10:6-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Но, во почетокот на создавањето, Бог ги создаде: машко и женско. Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си и ќе се прилепи до жена си; и двајцата ќе бидат едно тело. И така, не се веќе две - а едно тело. И така, Бог што соединил, чове-кот да не раздвојува.