Марко 10:47-49
Марко 10:47-49 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога слушна дека овде минува Исус Назареќанецот, тој почна да вика: „Исусе, Сине Давидов, покажи милост спрема мене!“ Мнозина се обидуваа да го замолкнат, но тој уште погласно викаше: „Сине Давидов, покажи милост спрема мене!“ Исус застана и рече: „Викнете го овде!“ Луѓето го повикаа слепиот и му говореа: „Не плаши се, дојди, Тој те вика!“
Марко 10:47-49 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Па, кога чу дека е тоа Исус од Назарет, почна да вика и да вели: „Исусе, сине Давидов, смилувај ми се!“ И мнозина му велеа да молчи, но тој уште повеќе викаше: „Сине Давидов, смилувај ми се!“ Исус застана и рече да го викнат. И го повикаа слепиот, говорејќи му: „Не плаши се, стани, те вика!“
Марко 10:47-49 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И штом чу дека тоа е Исус Назарее-цот, почна да вика и да вели: „Исусе, сине Давидов, смилувај ми се!“ А мнозина му се закануваа да молчи, но тој викаше уште посилно: „Давидов сине, смилувај ми се!“ Исус застана и рече: „Повикајте го!“ И го повикаа слепецот и му рекоа: „Не бој се! Стани, те вика!“