Марко 10:43-45
Марко 10:43-45 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Но меѓу вас не треба да биде така! Тој што сака да биде најголем меѓу вас, нека им служи на сите! Тој што сака да биде прв меѓу вас, нека им биде на услуга на сите, зашто и Јас, Синот Човечки, не дојдов на светот за да Ми служат, туку да им служам на луѓето и да го дадам Својот живот како откупнина за мнозина!“
Марко 10:43-45 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Но меѓу вас нека не биде така; а кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга; и кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви биде роб на сите. Зашто и Синот Човечки не дојде за да Му служат, но да послужи и да го даде животот Свој за откуп на мнозина.“
Марко 10:43-45 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Но меѓу вас не е така; а кој сака да биде голем меѓу вас нека ви биде слуга! А кој сака да биде прв меѓу вас, нека ви биде слуга на сите, зашто и Човечкиот Син не дојде да Му служат, туку да служи и да ја даде Својата душа за откуп на мнозина!“