Марко 10:21-22
Марко 10:21-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Кога го погледна Исус, му омиле, па рече: „Уште една работа ти недостасува: оди и продај сѐ што имаш, раздај го на сиромаси и ќе имаш богатство на небото; па дојди и врви по Мене.“ Кога ги чу овие зборови, тој се изненади и си отиде нажален, зашто имаше големо богатство.
Марко 10:21-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тогаш Исус милно го погледна и му рече: „Има уште едно нешто што треба да го направиш: оди, продај го сиот свој имот и раздели им ги парите на сиромасите, а ти ќе добиеш имот на небото. Потоа тргни по Мене и стани Мој следбеник.“ Кога го чу ова, човекот си замина разочаран и тажен, бидејќи поседуваше голем имот.
Марко 10:21-22 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А Исус го погледна, го возљуби и му рече: „Едно не ти достига: оди, продај сѐ што имаш, и дај им на сиромасите и ќе имаш сокровиште на небото! И дојди, земи го крстот и следи Ме!“ А тој се натажи од тој збор и си отиде жалејќи, зашто имаше многу имоти.