Марко 10:13-16
Марко 10:13-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Некои луѓе ги носеа своите деца кај Исус за да ги прегрне и да ги благослови. Учениците, пак, ги одвраќаа. Кога Исус го забележа тоа, ги прекори учениците и им рече: „Пуштете ги децата да доаѓаат кај Мене! Не попречувајте им, зашто на таквите како нив им припаѓа Божјото царство! Ве уверувам дека нема да влезете во Божјото царство, доколку не го прифатите со вера каква што имаат малите деца!“ Потоа Исус ги гушна децата и ги благослови, положувајќи ги Своите раце врз нивните глави.
Марко 10:13-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И донесуваа кај Него деца, за да се допре до нив, но учениците им забрануваа (на оние што ги носеа). И кога го виде тоа Исус, негодуваше и рече: „Оставете ги децата да доаѓаат кај Мене и не пречете им, зашто на такви е царството Божјо. Вистина ви велам, кој не го прима царството Божјо како дете, тој нема да влезе во него.“ Прегрнувајќи ги, ги положи рацете врз нив и ги благословуваше.
Марко 10:13-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И Му донесуваа дечиња, за да ги допре, а учениците ги укоруваа. А кога Исус го виде тоа, негодуваше и им рече: „Оставете ги дечињата да дојдат при Мене; не им бранете; зашто на таквите им припаѓа Божјото Царство! Ви-стина ви велам, кој не го прима Божјото Царство како мало дете, нема да влезе во него.“ И ги прегрна и ги благослови, положувајќи ги рацете врз нив.