Марко 1:40-45
Марко 1:40-45 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И дојде кај Него еден лепрозен, па, молејќи Го, падна пред Него и Му рече: „Ако сакаш, можеш да ме очистиш.“ Смилувајќи се, Исус протегна рака, се допре до него и му рече: „Сакам! Очисти се!“ И штом го рече тоа, се изгуби лепрата од него, и тој стана чист; откако му заповеда, го отпушти, и му рече: „Гледај, никому ништо да не кажуваш; но оди, покажи му се на свештеникот и принеси дар за очистување, како што заповедал Мојсеј – ним за сведоштво.“ А тој, штом излезе, почна да раскажува многу и да разгласува, така што Исус не можеше јавно да влезе во градот, а се задржуваше надвор, во осамени места. И доаѓаа кај Него отсекаде.
Марко 1:40-45 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Еден човек, болен од лепра, дојде кај Исус, клекна на колена и почна да Го моли: „Ако сакаш, Ти можеш да ме исцелиш!“ Исус се сожали, испружи рака и го допре, велејќи му: „Сакам! Еве, те исцелувам!“ Во истиот момент лепрата исчезна и човекот оздраве. Испраќајќи го, Исус строго му нареди: „Не кажувај никому за ова! Оди само кај свештеникот и покажи му дека си здрав. Потоа принеси дар во храмот како што е пропишано со Мојсеевиот Закон, за да се увери јавноста.“ Но тукушто излезе, човекот почна на сите да им раскажува за случката, така што Исус повеќе не можеше јавно да се движи во градот. Престојуваше надвор од населените места, а народ од сите страни доаѓаше кај Него.
Марко 1:40-45 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И дојде при Него еден лепрозен, молејќи Го и коленичејќи, Му зборуваше: „Ако сакаш, можеш да ме очистиш.“ И му се смили, ја протегна раката и го допре и му рече: „Сакам! Биди чист!“ И веднаш лепрата отиде од него и стана чист. И предупредувајќи го строго, веднаш го отпушти и му рече: „Гледај, никому ништо да не кажеш! Туку оди, покажи му се на свештеникот, и принеси за своето очистување она, што заповедал Мојсеј - ним за сведоштво.“ А тој, штом си отиде, почна да разгласува многу и да раскажува за наста-нот, така што Исус не можеше веќе јавно да влезе во град; туку беше надвор, по пусти места; а доаѓаа кај Него од сите страни.