Марко 1:29-31
Марко 1:29-31 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Штом излегоа од синагогата, дојдоа со Јаков и Јован во куќата на Симон и Андреј. А тештата на Симон лежеше од треска; и веднаш Му јавија за неа. Тој пристапи, ја фати за рака и ја подигна; и треската веднаш ја остави; и таа стана и ги служеше.
Марко 1:29-31 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Напуштајќи ја синагогата, во придружба на Јаков и Јован, Исус отиде во куќата на Симон и Андреј. Таму Му кажаа дека тештата на Симон лежи болна со силна треска. Исус влезе кај неа, ја фати за раката и ја поткрена. Треската веднаш и престана и таа почна да ги послужува.
Марко 1:29-31 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И штом излезе од синагогата, дојде во куќата на Симона и Андреја, со Јакова и Јована. А Симоновата тешта лежеше од тре-ска, и веднаш Му рекоа за неа. Тој ѝ пристапи, ја фати за рака и ја подигна; и треската ја остави, па им служеше.