Марко 1:25-28
Марко 1:25-28 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Исус му заповеда на демонскиот дух: „Замолкни и излези од човекот!“ Демонскиот дух го стресе човекот и со силна викотница излезе од него. Луѓето останаа вчудовидени и си велеа еден на друг: „Што е ова? Некое ново и моќно учење! На демонски духови им заповеда и тие Му се покоруваат!“ Вестите за Исус бргу се раширија по цела Галилеја.
Марко 1:25-28 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Но Исус му заповеда, велејќи: „Молкни и излези од него!“ Тогаш го стресе нечистиот дух, па извика со силен глас и излезе од него. И сите се стресоа од ужас, така што еден со друг се прашуваа и велеа: „Што е ова!? Ново учење со власт; Тој и на нечистите духови им заповеда, и тие Му се покоруваат!“ И одеднаш се разнесе глас за Него по целиот Галилејски крај.
Марко 1:25-28 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И Исус му се закани: „Молкни и излези од него!“ И нечистиот дух го стресе, извика со висок глас и излезе од него. И сите се зачудија, така што се прашуваа еден со друг, велејќи: „Што е ова? Нова наука - полна со сила! - Им заповеда и на нечистите духови и тие Му се покоруваат!“ И веднаш се разнесе глас за Него на сите страни, по целата галилеј-ска околина.