Марко 1:16-20
Марко 1:16-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Одејќи по брегот на Галилејското Езеро, Исус ги забележа браќата Симон и Андреј. Тие беа рибари и ги поставуваа своите рибарски мрежи во езерото. Исус им рече: „Тргнете по Мене и Јас ќе ве научам како да ловите луѓе, а не риби!“ Двајцата браќа веднаш ги оставија своите мрежи и тргнаа по Него. Малку понатаму, Исус ги забележа Завдаевите синови Јаков и Јован. Тие седеа во своето бротче и си ги крпеа рибарските мрежи. Веднаш ги повика и нив. Оставајќи ги својот татко и наемните работници во бротчето, тие тргнаа по Исус.
Марко 1:16-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И, одејќи покрај Галилејското Море, Исус го виде Симон и брат му Андреј како фрлаат мрежа во морето, зашто беа рибари. Исус им рече: „Врвете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе!“ И тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него. Па, штом одмина малку, го виде Јаков Заведеев и брат му Јован, исто така во кораб како ги крпат мрежите свои; веднаш ги повика и нив. И тие, оставајќи го татка си Заведеј во коработ со наемниците, тргнаа по Него.
Марко 1:16-20 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И одејќи покрај Галилејското Море, ги виде Симона и Андреја, братот Симонов, како фрлаат мрежа во морето, зашто беа риба-ри. И Исус им рече: „Врвете по Мене и Јас ќе направам да станете рибари на луѓе!“ И веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него. И кога одмина малку потаму ги виде: Јакова, Зеведеевиот син и брата му Јована - и нив во кораб - како ги крпат мрежите; и веднаш ги повика и, оставајќи го татка си Зеведеја со наемниците во коработ, тргнаа по Него.