Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Михеј 4:1-7

Михеј 4:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И, ете, во последните дни планината на Господовиот дом ќе биде поставена на чело над сите планини, и ќе се издигне над ридовите, и ќе поитаат кон неа народите. И ќе тргнат многу народи, и ќе речат: „Дојдете да се искачиме на гората Господова и да влеземе во домот на Јаков – и Тој ќе нѐ научи на Своите свети патишта, и ќе одиме по патеките Негови; зашто од Сион ќе излезе законот, и од Ерусалим – словото Гос­подово. Тој ќе управува со многу народи и ќе пресудува меѓу многу племиња во далечни краишта; па ќе ги прековаат мечевите свои во плугови и копјата свои – во српови; и народ против народ нема да крене веќе меч, и нема веќе да се учат да војуваат; секој ќе седи спокојно под лозата своја и под смоквата своја, и никој нема да се плаши, зашто устата на Господ Саваот го изрекла тоа. Зашто сите народи одат, секој во името на својот бог, а ние ќе одиме во името на Господ, нашиот Бог, секогаш и довека.“ Во оној ден, вели Господ, ќе соберам сѐ што е куцо, и ќе соединам што е разгонето, и оние, врз кои сум допуштил неволја. И ќе направам од остатокот на ку­ците и прснатите по светот силен народ, и Господ ќе царува над нив на гората Сион од сега па довека.

Михеј 4:1-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Ќе се случи на крајот на деновите: Гората на Господовиот Дом ќе биде поставена над сите гори, возвишена над сите брегови. Сите народи ќе одат кон неа, многу племиња ќе дојдат и ќе речат: „Ајде, да се искачиме на Господовата Гора, во Домот на Јакововиот Бог! Тој ќе нѐ научи на Своите патишта, и ќе одиме по Неговите патеки.“ Зашто Законот ќе излезе од Сион, Господовото слово од Ерусалим. Тој ќе управува со многу племиња и ќе им биде Судија на силните народи. Своите мечеви ќе ги исковаат во паличници, а своите копја во српови. Народ не ќе дига меч против народ, ниту веќе ќе се вежбаат за војна. Секој ќе седи мирно под виновата лоза, и под својата смоква, и никој не ќе го плаши. Тоа го рече устата на Господ над Војските. Зашто сите народи одат, секој во име на својот бог, а ние, ние одиме во Името на Господ, нашиот Бог, секогаш и довека. „Во оној ден - говори Господ - ќе ги соберам хромите, ќе ги приберам распрснатите и сите на кои што им нанесов беда. Од хромите ќе направам Остаток, силен народ од оние што се отфрлени. Тогаш Господ ќе владее над нив на гората Сион од сега и довека.