Матеј 8:23-27
Матеј 8:23-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И кога влезе во коработ, по Него влегоа и учениците Негови. И ете, голема бура го зафати морето, така што брановите го покриваа коработ, а Тој спиеше. Тогаш се приближија учениците до Него, Го разбудија и рекоа: „Господи, спаси нѐ, загинуваме!“ А Тој им рече: „Зошто сте толку плашливи, маловерни?“ Потоа стана, им се закани на ветровите и на морето, и настана голема тишина. А луѓето се зачудија и рекоа: „Кој е Овој, та и ветровите и морето Му се покоруваат?“
Матеј 8:23-27 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Потоа Исус се качи на бротчето, а Му се придружија и Неговите ученици на пловидба кон другиот брег. Одеднаш, езерото го зафати силна бура и бротчето беше во опасност да потоне под удар на моќните бранови. А Исус беше заспал. Учениците дојдоа да Го разбудат, викајќи: „Господе, спасувај, гинеме!“ А Тој им рече: „Што сте се исплашиле? Колку ви е мала верата!“ Потоа стана и им заповеда на ветрот и на брановите да запрат; и настапи длабока тишина. Учениците останаа вчудовидени и шепотеа: „Кој е овој човек, Кому и ветровите и брановите Му се покоруваат!?“
Матеј 8:23-27 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И кога влезе во коработ, Неговите ученици Го следеа. И ете, голема бура се подигна во морето, така што брановите го покриваа коработ; а Тој спиеше. И Му пристапија учениците и Го разбудија, велејќи: „Господи, спаси нѐ! Загинуваме!“ И им рече: „Зошто се боите, маловерни?“ Тогаш стана, ги прекори ветровите и морето, и настана голема тишина. А луѓето се зачудија и рекоа: „Каков е Овој, та и ветровите и морето Му се покоруваат!?“