Матеј 8:20-22
Матеј 8:20-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
А Исус му одговори: „Лисиците си имаат дувла, птиците гнезда, но Јас, Синот Човечки, немам Свое место за почивање!“ Еден од Неговите ученици Му рече: „Господе, дозволи ми најпрво да одам и да го погребам татко ми.“ Но Исус Му одговори: „Ти остани со Мене, а погребувањето на мртвите препушти им го на оние кои се духовно мртви.“
Матеј 8:20-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А Исус му рече: „Лисиците имаат легла и птиците небески – гнезда; а Синот Човечки нема каде глава да наслони.“ Друг, пак од учениците Му рече: „Господи, дозволи ми најнапред да отидам да го погребам татко ми.“ Но Исус му рече: „Врви по мене, и остави ги мртвите да ги погребуваат своите мртовци!“
Матеј 8:20-22 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А Исус му рече: „Лисиците имаат легла и птиците небесни - гнезда, а Синот Човечки нема каде да ја положи главата.“ А друг од Неговите ученици Му рече: „Господи, дозво-ли ми најнапред да отидам и да го погребам татка си.“ А Исус му рече: „Следи Ме и остави ги мртвите да ги погребуваат своите мртовци.“